ИЗБОР НА ЛОКАЦИЈА
Пред да ја инсталирате машината, изберете локација со следните карактеристики:
• Цврста, рамна подлога (ако подлогата е нерамна, погледнете “Прилагодување на
ногарките” подолу)
• Подалеку од директна сончева светлина
• Соодветна вентилација
• Температурата во просторијата да не паѓа под 0°C
• Подалеку од извори на топлина (јаглен, гас)
Внимавајте машината за перење да не биде поставена врз кабелот за напојување.
Доколку машината е поставена на подлога покриена со килим, вентилациските отвори не
треба да бидат попречувани од килимот.
ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА НОГАРКИТЕ
Ако подот е нерамен, прилагодете ги ногарките (не ставајте делови од дрво или други
предмети под ногарките):
1. Ослободете ја завртката од ногарката со
вртење со помош на раката додека не ја
добиете потребната височина.
2. Стегнете ја сигурносната навртка со вртење со
помош на испорачаниот клуч.
• Поставете ја машината на цврста, рамна
подлога.
Ако машината ја поставите на нерамна
и неквалитетна подлога, ќе се појават
вибрации или бука. (Дозволеното
закосување изнесува 1 степен.)
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ТРАНСПОРТНИТЕ ЧЕПОВИ
Пред употребата на машината за перење, морате да ги отстраните петте транспортни
чепови од задната страна на уредот. За да ги отстраните чеповите:
1. Ослободете ги чеповите со помош на
испорачаниот клуч пред да ги отстраните.
2. Притиснете ја главата на чепот и извлечете го
низ поширокиот дел од отворот. Повторете за
секој чеп.
3. Покријте ги отворите со испорачаните
пластични капачиња.
4. Чувајте ги чеповите за понатамошна употреба.